Програма
1 ДЕН (04.09.’25 – четврток) : Состанок на групата.
Поаѓање за Грција во 17.00 часот. Патот води преку г. п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини,
Ламиа...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
2 ДЕН (05.09.’25 – петок) : ПИРЕА – САНТОРИНИ Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови.
Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.30 часот.
Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или
уживање на плажата во Камари / Периса... Во вечерните часови – прошетка низ ФИРА главниот град на
Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во
полноќните часови со нашиот автобус, враќање во Камари / Периса. Ноќевање.
3 ДЕН (06.09.’25 – сабота) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – Ви нудиме целодневен факултативен
излет... посета на Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го
споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п. н. е. Можност за посета на прекрасно
сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш...посета на „црвената плажа“, можност за
фотографирање...патувањето продолжува кон брдото Профитис Илиас – највисоката точка на островот,
можност за прошетка низ главното двориште на истоимениот манастир...стигнуваме до градот ФИРА - главниот
град на островот, уникатно место, единствено по своите бели куќички со сини покриви и
сводови... прошетка по Калдерата се до ФИРОСТЕФАНИ и ИМЕРОВИГЛИ (најскапите и најлуксузните делови од
градот Фира), како и прошетка до месноста Скарос, место на кое во средниот век се наоѓал најубавиот
Венецијански замок... слободно време за индивидуален разглед на местото истражувајќи го низ
неговите тесни улички како од бајките и нивните продавници за сувенири... во касните попладневни часови – Ве
водиме во OIA ( Иа )... можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате
магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место... прекрасната
ИА (OIA), изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била
инспирација за многу поети, сликари и писатели... враќање во хотелот во вечерните часови. Слободно време, или
посета на некој од ноќните барови во Камари / Периса. Ноќевање.
4 ДЕН (07.09.’25 – недела) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот - слободно време или факултативно
крстарење... посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – задолжителна доплата од 3,5 € за искачување до
врвот на истиот на лице место) – можност за фотографирање покрај активниот кратер... продолжуваме кон
островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море... крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во
термалните води...пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и
Фира... враќање во хотел. Ноќевање.
5 ДЕН (08.09.’25 – понеделник) : САНТОРИНИ – ПИРЕА Појадок. По појадокот – одјавување и
заминување од хотелот околу 12.00 часот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија
во Грција - Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под
земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со
анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14
генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата околу 14 часот,
трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа.
Пристигнување на пристаниште во Пиреа околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во раните утрински часови – наредниот ден.