Програма
1. ДЕН (10.10.2025 – петок) ПИРЕА. Состанок на групата.
во 05.30 часот. Поаѓање за Грција во 06.00 часот. Патот води преку Лерин, Птолемаида, Кожани, Катерини,
Лариса, Ламиа... денско патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Пиреа околу 19.00 часот.
Трансфер на траект. Поаѓање за Крит во 21.00 часот. Ноќна пловидба.
2.ДЕН (11.10.2025 – сабота) ХЕРАКЛИОН – РЕТИМНО Пристигнување во главниот град на островот околу 06.30
часот. После пристанишните формалности – се упатуваме кон Ретимно, гратче на северниот брег на Крит, на
Егејското море. Градот е релативно „млад“ за Крит, бидејќи почнал да се развива за време на Млетачкиот
период и во тоа време служел како попатна станица помеѓу Ханија и Хераклион... Набрзо станува седиште на
епископот и аристократијата на Крит, што го поттикнало неговиот развој... Прошетка низ едно од
најпопуларните туристички места на Крит и едно од најдобро сочуваните стари средновековни градски јадра во
Грција... Посета на Млетачката тврдина, Градската куќа, Градската капија, плоштадот Римонди... Сместување во
хотел. Слободно време. Ноќевање.
3. – 8.ДЕН (12 – 17.10.2025) КРИТ Уживајте на прекрасните плажи на овој остров, Егејското и Средоземното
море, Кретанската кујна и гостопримливост кои се уникатни, а Минојската цивилизација Ве чека да ја
запознаете...
9.ДЕН (18.10.2025 – сабота) РЕТИМНО – ХЕРАКЛИОН Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Околу
пладне – поаѓање за Хераклион. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Состанок на
групата на на договореното место во 18.30 часот. Поаѓање кон пристаништето и трансфер на траект. Поаѓање за
Пиреа во 21.00 часот. Ноќна пловидба.
10.ДЕН (19.10.2025 – недела) ПИРЕА – МАКЕДОНИЈА Пристигнување во Пиреа во 06.00 часот. По
пристанишните формалности – поаѓање за Македонија... Денско патување, со кратки попатни паузи.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ (ОПИС)
1. ХЕРАКЛИОН & КНОСОС
Поаѓање за Хераклион во 09.30 часот. Пристигнување во главниот град на островот околу 10.30 часот...
Хераклион го основаат Сарацените во 824. година, со цел да биде едно од нивните утврдувања и поради
тоа изградиле тврдина со пристаниште...од тоа место го помагале гусарењето против Византија. Поради
тоа, Византија превзема акција и во 961. година го освојува истиот и потполно го разрушува, меѓутоа
набрзо се воочува стратешката положба на градот и тој е повторно изграден од страна на Византија под
името Хандакс и со него Византија владее следните 243 години... Со пропаѓањето на Византија 1204. година,
градот и островот го освојува Млетачката република, името го менува од Хандакс во „проиталијанското“
Кандија...влијанието на Млетачката Република се гледа на секој чекор во градот...со Кандиската војна
(1645-1669) островот потпаѓа под Османлиска власт и градот почнува полека да пропаѓа, па средиштето на
збиднувањата на Крит се преместува полека во вториот по големина град – Ханиа... Посета на
православната катедрала Св. Мина, православната црка Св. Титус, Археолошкиот музеј, црквата
Св. Екатерина Синајска, фонтаната Морозини (17.век), Католичката базилика Св. Марко,
Универзитетот... Разгледувањето продолжува кон Кносос, едно од најзначајните археолошки наоѓалишта од
бронзеното време... Се претпоставува дека бил центар на Минојската цивилизација и култура. Големината,
бројот и значајот на откритијата во Кносос докажуваат дека тоа бил дворец на еден од најзначајните и
најмоќните владари на Крит. Градбите покриваат површина од 1 хектар...стотина простории се поврзани во
една голема целина. Сложеноста на архитектонскиот план на оваа градба, ја доведува во врска со
легендарниот ЛАВИРИНТ кој го опишуваат античките автори. За Кносос е врзана и легендата за кралот
Миној – син на Зевс и Европа, кралот на Крит, законодавец и судија во подземјето според Грчката
Митологија... Одлична прилика да се посети едно од најбогатите и најпосетени археолошки
наоѓалишта во Европа... Враќање во хотел во попладневните часови.
Цена по лице : 35 € - без влезница за
Кносос / 60 € со влезница ( трансфер + локален водич )
2. ЗАПАДЕН КРИТ (ХАНИА)
Ден за разглед на најатрактивниот дел на островот, неговиот западен дел...Манастирот Аркади – се наоѓа
25 км. Југоисточно од градот Ретимно, на севорозападната падина од планината Ида на надморска висина
од 500 метри. Зидовите на манастирот формираат облик сличен на правоаголник и завземаат површина од
5.200 м 2 . Основан во времето на Флавие Аркади (почеток на 5.век). По завземањето на Ретимно –
Турците го ограбуваат манастирот... И покрај тоа за време на Турската окупација во истиот живееле околу
100 монаси. Случувањата од 1866. Година, кога во манастирот влегуваат 15000 Турски војници и кога сите
бранители на манастирот се ликвидирани... Нападот почнал на 8.Ноември 1866.година, по одбивањето на
игуменот на манастирот Гаврил да го напушти истиот... Игуменот е убиен, додека сите други (војници,
жени и деца) се повлекуваат во барутаната, додека Турците ги палат бурињата со барут и експлозијата била
толку силна што предизвикала уништување на целиот манастир и се разбира смрт на сите Грци. Поради
тоа, манастирот уште е наречен „Холокауст Аркади“. Денеска манастирот поседува музеј со единствени
реликвии, а исто така е познат по тоа што во манастирот 26 години живеел Св.Атанасие Цариградски. Се
упатуваме кон Ханиа, еден од најголемите и најважни градови на Крит...градот се развил на 2 полуостови
Акротири и Спата. Градот е многу богат со историја, бидејќи Ханија бил долго време центар на
случувањата на островот... Постои уште од Античко време кога станува и град-држава. Ханиа се споменува
и во Одисејата на Хомер. За време на Византија градот станува и седиште на Критската епископија. Градот
добива на значење најповеќе за време на владеењето на Млетачката Република, додека за време на
Отоманската власт – сите цркви се претвораат во џамии и мнозинството од жителите го напуштаат градот. Тој станува седиште на пашалукот на Крит и со тоа го задржува своето значење.
Конечно, во 1913. Година, Крит и Ханиа стануваат дел од Грчката држава, а градот го губи полека своето
значење, во корист на Хераклион... Во стариот дел на градот се наоѓаат голем број на стари вредни градби,
посета на Градските зидини од сите историски периоди (Византискиот, Млетачкиот, Отоманскиот),
Православната Црква на Св, Екатерина, Римокатоличката црка Св. Рок, Светилникот Фарос (15.век), Ец Хаим
синагогата, Турското купатило, Археолошкиот музеј, Турската фонтана (18.век)... Слободно време за
прошетка или за капење на некоја плажа во областа Акротири... Враќање во Ретимно во доцните
попладневни часови.
Цена по лице : 40 € (трансфер + локален водич)
3. ЕЛУНДА – СПИНАЛОНГА – АГИОС НИКОЛАОС (ИСТОЧЕН КРИТ)
За оние кои што сакаат да доживеат еден исклучителен ден, комбинација на море, пикник и истражување
на напуштен остров, Ви предлагаме факултативен излет до заливот Мерамбелу... Патуваме со автобус до
Елунда – шармантно рибарско селце, од каде со брод се префрламе на островот Спиналонга – посета на
Венецијанската тврдина и напуштениот град, кој во почетокот на 20.век бил колонија на луѓето кои
боледувале од лепра...познат е и како „град на духовите“… Прошетка низ многубројните градби кои
паднале во заборав. Во попладневните часови продолжуваме со автобус кон Агиос Николаос – модерно и
современо одморалиште... Прошетка низ неговите тесни улички, посета на т.н. „езеро“, кое всушност е
затворен залив во центарот на градот, што му дава посебност и голема атрактивност на самото место.
Посебно е привлечно за младите туристи со неговите многубројни кафе-барови, дискотеки и сл... Собир на
групата околу 19.00 часот и упатување кон Ретимно.
Цена по лице : 50 € (трансфер + водич + влезница за островот Спиналонга)
4. ЕЛАФОНИСИ – плажа
Полудневен излет до една од најпознатите плажи на Средоземјето – Елафониси
Цена по лице : 25 €
НАПОМЕНА : За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници.