Програма
Прв ден: 21.10.2025 (вторник)- Кавадарци-Скопје-Љубљана
18:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 20:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) за Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
Втор ден: 22.10.2025 (среда) - Љубљана
Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Разгледување на градот со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки - најпозната фонтана од бел мермер, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Прешерновиот Споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн... Потоа сместување на групата во хотелот „B&B“ 3*** во центарот на Љубљана (https://www.hotel-bb.com/en/city/hotels-ljubljana). Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
Трети ден: 23.10.2025 година (четврток) - Љубљана-Блед-Бохињ
Појадок. Заминување на групата на целодневен разглед на Блед, бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствен природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова кое со својата атракција привлекува многу туристи. Потоа заминување кон сликовитите Алпски предели на Бохињското Езеро. Слободно време за прошетка покрај езерото, камениот мост и Црквата на Свети Јован Крстител. Во попладневните часови враќање во хотелот во Љубљана. Слободно време за повторно уживање во убавините на градот. Ноќевање.
Четврти ден: 24.10.2025 (петок)- Љубљана- Постоинска Јама-Опатија
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Постоинска Јама, најголемата геолошка атракција во Словенија и најголемата пештера во Европа. Според натписите во пештерата, првите туристи ја посетиле уште во 13. век. Постоинска Јама претставува сплет од 20 километри подземни тунели, галерии и сали, а за туристите се отворени 5300 метри површина. Пештерата е богата со подземен биолошки свет, а најпозната е човечката рипка која го добила името по бојата која потсетува на човечката кожа. Во пладневните часови заминување на групата кон Опатија. Сместување во хотелот „Astoria“ 4**** (https://luminor-hotels.com/astoria-hotel-opatija/ ), во центарот на градот. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални прошетки. Ноќевање.
Петти: 25.10.2025 (сабота)- Опатија-Плитвички Езера-Скопје-Кавадарци
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Плитвичките Езера, најголемиот Национален Парк во Хрватска прогласен во 1949 година, а од 1979 година е вклучен во списокот на УНЕСКО на светско наследство. Има околу 16 прекрасни Плитвички Езера чија должина е 8 километри, а висината на најголемиот водопад е 20 метри. Организиран разглед со локален туристички водич. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во недела на 26. октомври претпладневните часови.