Програма
Прв ден: 03.10.2025 (петок)- Скопје-Виена-Тбилиси
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10.30 часот. Полетување кон Виена во 12.35 часот, слетување во 14:10 часот по локално време. Летот за Тбилиси, главниот град на Грузија е во 22.40 часот, пристигнување во 03.55 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Glarros“ 5* кој се наоѓа на одлична локација во строгиот центар на Тбилиси (https://www.glarros.com/ ). Сместување на групата и одмор од патувањето.
Втор ден: 04.10.2025 (сабота)- Tbilisi-Mrskheta
Појадок. Заминуваме на организиран разглед на Тбилиси со лиценциран туристички водич, откривајќи го градот во кој се комбинира модерното со традиционалниот шарм. Започнуваме од пред платото на храмот Metekhi од каде има совршен панорамски поглед кон стариот град: тврдината Narikala, областа Bath и Meidani. Пристигнуваме до тврдината Narikala и Krtlis Deda, а на спуштање кон населбата Bath ќе поминеме покрај џамијата и ќе уживаме во природниот водопад кој се наоѓа во срцето на стариот град. За време на организираниот разглед ќе видиме храмови на различни религии: грузиски и ерменски цркви, Синагогата и џамијата. Одејќи низ старите градски улици ќе сретнеме интересни скулптури, ќе стигнеме до најатрактивната Саат кула и ќе ја завршиме нашата обиколка на плоштадот Слобода. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови патуваме кон Mtskheta, античкиот главен град на Грузија кој е вклучен во списокот на УНЕСКО како уникатен град-музеј. Тоа е верскиот центар на земјата, грузискиот „Втор Ерусалим“. Започнуваме со посета на Манастирот Jvari на светиот рид над градот, изграден на местото на кое во 4ти век бил подигнат првиот крст во Грузија од страна на св. Нино, проповедничката која го донела христијанството во Грузија. Jvari е една од најстарите цркви во Грузија и во неа се уште може да се види оригиналниот постулат на кој бил поставен крстот. На крај ја посетуваме Катедралата Svetitskhoveli Cathedral (Cathedral of Living Pillar)- значаен споменик на грузиската култура, уметност и архитектура, во која се закопани многу грузиски кралеви. Според преданието, катедралата е подигната над гроб во кој се наоѓа наметката во која бил распнат Исус, што секојдневно привлекува илјадници христијански верници. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Трет ден: 05.10.2025 (недела)- Tbilisi–Kakheti-Signagi-Tbilisi
Појадок. Заминуваме кон регионот Kakheti, еден од најважните региони во Грузија, познат по традиционалниот начин на подготовка на грузиско вино. Разгледот го започнуваме со посета на палатата Chavchavadze. Aleksandre Chavchavadze-поет, преведувач, воена фигура, бизнисмен и основач на грузискиот романтизам, одиграл клучна улога во воведувањето на европската култура и образование во Грузија, особено на истокот на земјата. Палатата Chavchavadze од 1830-та година, која опфаќа површина од 18 хектари земјиште на кое успеваат егзотични растенија, сведочи за префинетиот вкус и прогресивноста на ова семејство, а музејската колекција која се наоѓа во палатата на познатиот грузиски поет опфаќа предмети што го претставуваат и животот и творештвото на поетот и неговата епоха. Го продолжуваме нашето патување со посета на Манастирот на св. Нино во Bodbe, грузиски православен манастирски комплекс и седиште на епископите. Манастирот е изграден на местото каде што св. Nino била погребана, откако се повлекла за да ги проживее последните години од животот. Манастирот денес функционира како женски манастир и е едно од главните места за аџилак во Грузија. На крај го посетуваме градот на љубовта Signahi, кој се смета за најромантично место во Грузија. Градот е опкружен со 23 кули и 6 порти; додека шетаме по неговите калдрмени улици низ кои тече мирен селски живот сфаќаме зошто многумина го сметаат за совршено место за заљубени парови. На крај се искачуваме на старите градски ѕидини од каде можеме да уживаме во прекрасни панорамски глетки на целата област. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 06.10.2025 (понеделник)- Tbilisi-Jerevan
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и со автобус се упатуваме кон Ерменија. По пристигнувањето во главниот град Ереван, сместување на групата во „Yerevan Place Hotel“ 4* во центарот на градот (https://yerevanplace.com/). Краток одмор од патувањето и заминуваме на организиран разглед. Ќе ги видиме Плоштадот на Републиката, зградата на Владата на Ерменија и на Министерството за комуникации, Централната метро станица со фонтаната, Плоштадот на Слободата, Францускиот Плоштад и Комплексот Каскади од каде се гледа фантастичен поглед на Ереван, а во кој се сместени вредни уметнички дела – скулптури од светски познати уметници, како Lynn Chadwick, Barry Flanagan и Fernando Botero. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Петти ден: 07.10.2025 (вторник)- Jerevan-Khor Virap-Noravank
Појадок. Заминуваме со автобус кон Khor Virap, еден од најголемите и најпознатите манастири на Ерменската апостолска црква, дирекно поврзан со прифаќањето на христијанството во земјата во 301 година. Khor Virap, што во превод значи длабока темница, се наоѓа на планината Ararat на чиј врв, според легендата, застанал бродот на Ное после големиот потоп. Црквата се наоѓа на араратската висорамнина од каде се простира прекрасен поглед на планината Ararat, која географски и` припаѓа на Турција. Ова е еден од најважните духовни и културни споменици во Ерменија. Манастирот станал познат како место каде паганскиот ерменски крал Tiridar III го држел Светиот Григориј Просветителот во затвор цели 13 години заради тоа што го проповедал христијанството. Кога кралот почнал да полудува, неговата сестра сонила сон во кој ангелот и` кажал дека само затвореникот од Khor Virap можел да го излечи нејзиниот брат. Овој настан го натерало кралот Tiridar III да го прифати христијанството како единствена вера на Ерменците, а Ерменија официјално во 301.-та година станала првата христијанска земја на светот. Манастирот денес претставува најзначајно место за аџилак и најпопуларна туристичка дестинација во земјата, а во него се’ уште може да се посети затворската ќелија во која бил затворен држел св. Григориј, 6 метри под земјата. Од таму се упатуваме кон еден од најпознатите ерменски манастири Noravank, изграден во 13. век во тесната кривулеста клисура над реката Amaghu. Манастирот е ремек-дело на средновековната ерменска архитектура, главен религиозен и културен центар во минатото и резиденција на принцовите од династијата Orbelia. Според преданието, во него било зачувано парче од вистинскиот крст на кој бил распнат Исус, извалкано со неговата крв. На крај ја посетуваме пештерата Arena каде ќе го видиме местото на кое е пронајдена најстарата винарија во светот, која датира од пред 6000 години. Во пештерата исто така е пронајдена совршено сочувана кожена обувка стара 5500 години. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Шести ден: 08.10.2025 (среда)- Jerevan-Garni-Geghard
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон древниот локалитет Garni. Сликовито место во кое е сместен единствениот сочуван пагански храм на Ерменските кралеви. Изграден е во 1. век од новата ера во стилот на класичните римски храмови со столбови во јонски стил. Сместен е над реката Azat и има спекталарен поглед кон околните планини и долини. Од таму се упатуваме кон манастирскиот комплекс од 4. век Geghard, еден од најубавите и најзначајните манастири во Ерменија. Овој манастир е познат по тоа што делумно е исклесан во карпа. Основан е од Свети Григориј Просветител, а името Geghard значи копје и го добил името по копјето што се чувало во него, кое според легендата е светото копје со кое Исус бил прободен на крстот. Geghard е под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство. Доколку временските услови дозволуваат, за крај на нашата посета во Ерменија ќе имаме можност да видиме еден неверојатен феномен, сместен на дното на клисурата на реката Azat. Овој феномен наречен „Симфонија на карпите“ или „Базалтни оргуљи“ е составен од базалтни столбови високи околу 50 метри оформени пред околу 40 милиони години од лавата која се слеала од околните вулкански планини. Нешто слично може да се види во Исланд, но во Ерменија изгледа уште поневеројатно и моќно. По слободното време за индивидуални прошетки, во вечерните часови заминуваме кон аеродромот во Тбилиси.
Седми ден: 09.10.2025 (четврток)- Тбилиси-Виена-Скопје
Полетување кон Виена во 04.50 часот по локално време, слетување во 06:30 часот. Летот за Скопје е во 10.20 часот, пристигнување во 11.50 по локално време.