Програма
Прв ден: 22.09.2025 (понеделник)- Скопје-Анталија-Мармарис
00.05 часот. Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување кон Анталија во 02.05 часот, слетување во 04:50 часот. Организиран трансфер со автобус од аеродромот кон преубавиот Maрмарис, градот распослан на местото каде се спојуваат Егејското и Средоземното Море, едно од најпознатите турски летувалишта. По пристигнувањето следи панорамски разглед на градот, а потоа сместување на групата во хотелот „Blue Bay Style“ 4**** (https://www.bluebaystyle.com/ / ) кој се наоѓа во срцето на Мармарис на околу 100 метри од морето (услугата во хотелот е на принцип ALL Inclusive - се` вклучено). Хотелот е целосно реновиран за сезоната лето 2025 и е од типот на бутик хотелите што нуди совршен мир, удобност и релаксирачка атмосфера. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
Втор ден: 23.09.2025 (вторник)- Мармарис-Островот на Клеопатра
Појадок. Заминуваме на факултативна целодневна организирана посета на островот Седир, познат како островот на Клеопатра, рајско парче на Земјата заштитено од Министерството за култура на Турција како национално богатство. Легендата вели дека сакајќи со уникатен венчален подарок да ја израдува Клеопатра откако се согласила да се омажи за него, римскиот војсководец Марко Антониј наредил на островот да бидат донесени 60 бродови песок од Египет. Овој уникатен песок постои само на две места во светот и има интересни карактеристики: песокот гори на оган, во минерална вода се зголемува и се движи доколку се набљудува под лупа. Слободно време за уживање во прекрасната морска вода во заливот во кој пред илјадници години се бањала египетската кралица Клеопатра. Организиран ручек на бродот кој за време на пловидбата застанува за пливање и фотографирање на најубавите заливи на Мармарис. Во попладневните часови враќање назад во Мармарис. Вечера во хотелот. Ноќевање.
Трет ден: 24.09.2025 (среда)- Мармарис
Појадок. Слободен ден за плажа и индивидуални активности. Во вечерните часови можете да прошетате до стариот град кој изобилува со продавници, ресторани и барови. Ноќевање.
Четврти ден: 25.09.2025 (четврток)- Мармарис
Појадок. Слободен ден за плажа и индивидуални активности. Ноќевање.
Петти ден: 26.09.2025 (петок)- Мармарис
Појадок. Слободен ден за плажа и индивидуални активности. Ноќевање.
Шести ден: 27.09.2025 (сабота) - Мармарис
Појадок. Слободен ден за плажа и индивидуални активности. Ноќевање.
Седми ден: 28.09.2025 (недела)-Мармарис-Анталија
Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Анталија, еден од најголемите градови во Турција и најзначајното место за одмор на туристите. Организиран разглед со локален туристички водич на најзначајните објекти од кои се издвојува симболот на градот-Адријановата Порта, римска триумфална порта изградена во 130 година од нашата ера во чест на императорот Адријан. Целосно е направена од бел мермер со резба и рељефни украси. Ќе го видиме часовникот и џамијата Yivli minaret, и ќе прошетаме низ стариот град каде ќе се имаме слободно време да уживаме во шоља турско кафе или традиционален турски чај. Во договореното време трансфер до аеродромот во Анталија. Полетување од Анталија во 00.25 часот по локално време, пристигнување во Скопје на 29.09.2025 во 01.15 часот.