ОРМОС ПАНАГИЈАС
Ормос Панагијас е мало живописно место сместено на источниот брег на Ситонија, што го добило своето име по црквата посветена на Света Богородица (на грчки Панагија), која е зачувана уште од периодот на Византија. Неговата централна местоположба на вториот крак од Халкидики го прави идеална база за истражување на целиот регион и посета на околните знаменитости и атрактивни плажи. Самото место е исклучително мирно, совршено за сите оние кои бараат вистинска релаксација, без метеж и сообраќај, идеално за парови и семејства со деца кои сакаат совршени плажи. Делот покрај плажата е посебно привлечен за семејства со деца, со убави места за уживање, разни градини и игралишта што создаваат идеална атмосфера за семеен одмор. Покрај хотели, во Ормос Панагијас се наоѓаат и неколку модерни вили со приватни базени. Локацијата на Ормос Панагијас е посебно поволна за туристи од Македонија, со организиран превоз кој тргнува рано наутро и пристигнува истиот ден, овозможувајќи максимално искористување на времето за одмор.