Соби
Апартман број 1 (1/4+2) – високо приземје. Простран реновиран апартман со брачен кревет во спална соба, две софи на извлекување во дневна соба споена со кујна. Кујната е голема и комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столови, клима уред и телевизор.Апартманот има сопствен тоалет со туш. Од кујна се излегува на тераса и истата еопремена со маса и столови.

Апартман број 2 (1/4+1) – високо приземје. Простран реновиран апартман со брачен кревет во спална соба, една софа на извлекување и едно стандардно легло во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столици, клима уред и телевизор.Сопствен тоалет со туш. Од апартманот се излегува на голема заедничка тераса во дворот, која е опремена со маса и столици.

Студио број 3 (1/2) – прв кат. Потесно студио кое располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува на тераса со поглед позади кон дворот, која е опремена со маса и столови.

Студио број 4 (1/2) - прв кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот пред студиото се излегува на тераса која е со погледкон улица, која е опремена со маса и столови.

Студио број 5 (1/2) – прв кат. Студиото располага со 1+1 стандарден кревет (поставени во должина еден по друг) и мала опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот пред студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.

Студио број 6 (1/2) – високо приземје. Студиото е одвоено со сопствен влез и располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува во сопствено заградено дворче кое располага со маса и столови.
