Напомени
-За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ
-Во вонсезонските цени во мезонет плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
-Во мезонетите дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
-Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).
-Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, напромотивните цени НЕ следува попуст.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 15 дена пред терминот на поаѓање.
-Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
-За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
-Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио / апартман.
-Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Travel Time НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
-Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Travel Time“ поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.