Напомени
Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
Задожолжителна доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во Агенција).
Сместувањето во апартманите и студијата е во 14:00 (по локално време);
Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
Секоја направена штета се плаќа на лице место;
За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.
Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст.
За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
Задолжително патничко осигурување.
Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62,оо ден.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде е склучен Договорот за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.