Вила LINA
Резервирајте сега и доживејте ја Вашата метаморфоза со нас!
Вила ЛИНА е срцето на Метаморфози, каде и да одите морате да поминете од тука! Со својата извонредна местоположба на само 50 метри од песочната плажа ви нуди прекрасно сместување кое е практично на самиот брег. Со различните видови студија и апартмани, гостите можат да уживаат во пространите тераси, од кои повеќето нудат незаборавен поглед кон синото море или на живописниот градски парк. По сеопфатното реновирање, Вила Лина гордо блеска со својот нов сјај, подготвена да ги пречека гостите со освежувачка комбинација на модерен дизајн и топлина на домот.
Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, WI-FI и клима уреди - сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што го прави престојот во Вила Лина не само удобен, туку и безгрижен.
ТКС.