Соби
Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Сите сместувачки капацитети имаат сопствени купатила и пространи тераси. Опремени се со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет.
Апартман бр.1
Четирикреветен апартман на приземје. Апартманот има две простории. Во првата соба два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Од собата се излегува на тераса. Од оваа соба се влегува во втората соба која е издвоена со лизгачка врата. Во втората соба има два единечни кревети, мебел и мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се излегува на тераса која има поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Студио бр.2
Двокреветно студио на приземје. Опремено е со два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на терасата која има поглед на улица, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Апартман бр. 3
Простран петкреветен апартман на приземје. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со лизгачка врата. Во првата соба три единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во оваа просторија се наоѓа мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со издвоена комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на тераса која има поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Од оваа просторија се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети и мебел. Од собата се излегува на тераса која има страничен поглед на море. Купатилото е со нормална големина.
Апартман бр. 4
Четирикреветен апартман на прв спрат. Апартманот има две простории. Во првата соба два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Од собата се излегува на тераса. Од оваа соба се влегува во втората соба која е издвоена со лизгачка врата. Во втората соба има два единечни кревети, мебел и мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се излегува на тераса која има поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Студио бр. 5
Двокреветно студио на прв спрат. Опремено е со два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на терасата која има поглед на улица и страничен поглед на море, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Апартман бр. 6
Простран петкреветен апартман на прв спрат. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со лизгачка врата. Во првата соба три единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во оваа просторија се наоѓа мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со издвоена комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на тераса која има страничен поглед на море, опремена со пластична маса и столчиња. Од оваа просторија се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети и мебел. Од собата се излегува на тераса која има страничен поглед на море. Купатилото е со нормална големина.
Студио бр. 7
Двокреветно студио на приземје. Опремено е со два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и основни садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на терасата опремена маса и столчиња која е составен дел од дворот пред влезот на вилата. Купатилото е со нормална големина.
Студио бр. 8
Двокреветно студио на приземје. Опремено е со два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и основни садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на терасата опремена маса и столчиња која е составен дел од дворот пред влезот на вилата. Купатилото е со нормална големина.