Соби
Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет.
Апартман бр. 8
Трокреветен апартман на втор спрат во првиот дел од вилата. Апартманот има две простории. Во првата соба има комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Во кујната се наоѓа климата. Од кујната се излегува на терасата која има поглед кон другиот дел од вилата и во дворот, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Другата соба е одделена со врата и има еден дупли кревет (димензии 190-140 см), еден единечен кревет (190-82 см). Опременa е со мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Има потесно купатило, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори.
Апартман бр.9 (поглед на море)
Петкреветен апартман на втор спрат во првиот дел од вилата со директен поглед на море. Апартманот има две одделни спални соби меѓу кои се наоѓа купатилото и мал простор меѓу нив во кој се сместени елементите од кујната (мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, комплет садови за готвење и јадење, како и мала масичка со столчиња). Во едната спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 190-115 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Во другата соба има еден дупли кревет (димензии 190-132 см), мебел, телевизор и клима. Од собата се излегува на терасата која има директен поглед на море, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Апартманот има купатило со сопствен бојлер.
Апартман бр.12 (без поглед)
Четирикреветен апартман на прв спрат во средниот дел од вилата кој има поглед меѓу влезовите на вилата. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со врата. Во првата просторија има еден единечен помал кревет (димензии 170-82 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа климата. Од кујната се излегува на терасата која има поглед кон другиот дел од вилата и меѓу влезовите, опремена со пластична маса, столчиња и тенда која на гостите во апартманот им овозможува приватност. Во другата просторија има еден дупли кревет (димензии 190-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-80 см). Опременa е со мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Апартманот има купатило со сопствен бојлер.
Апартман бр.15
Четирикреветен апартман на прв спрат во средниот дел од вилата кој има поглед на улицата од задниот дел на вилата. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со врата. Во првата просторија има еден единечен кревет (димензии 190-90 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа климата. Од кујната се излегува на потесна терасата која има поглед на улицата од задниот дел на вилата, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Во другата просторија има еден дупли кревет (димензии 192-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-82 см). Опременa е со мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Апартманот има купатило со сопствен бојлер.