Хотел GOLDEN BEACH
Хотел ГОЛДЕН БИЧ е лоциран во центарот и на 20 метри од песочната плажата во Метаморфозис. Опколен е со боровата шума од едната, а море од другата страна со што е совршен склоп за релаксирање и одмор. Хотелот располага со 47 соби: 1/3 Приземје собите се наоѓаат на приземје и немаат поглед кон море (брачен + eдинечен кревет), 1/3 Стандард собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 Студио собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба) , 1/4 Апартман собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Апартман со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба) . Секоја соба има балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ и тоалет. Хотелот има главен ресторан, бар, базен со чадори и лежалки кои се бесплатни за користење од страна на гостите, детско катче и сопствена плажа со бар на плажа кој е со доплата.