Соби
Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м² со 2 одвоени спални соби. Има поглед на градина од една тераса (на која се излегува од едната спална) и директен поглед море од друга тераса (на која се излегува од другата спална). Дуплекс апартманот има три одделни простории: 2 одвоени спални соби, од кои во едната има брачен кревет а во другата 2 споени стандардни единечни кревети, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.) и простран тоалет со туш кабина. Опремен е со квалитетен мебел. На 2те тераси има маси и столови.

Апартман број 2 (1/4) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба исто брачен кревет со стандардни димензии со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за водаи сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када и сопствена помала тераса со маса и столови која има поглед кон дворот.

Полудуплекс апартман број 3 (1/4) – приземје, простран високо квалитетен полудуплекс апартман од 43м². Има две спални соби со стандардни брачни кревети, од кои едната е физички одвоена со врата а другата спална е преградена, а споена со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба, веднаш на влезот во апартманот. Располага со 2 брачни кревети во спалните и мала софа за дете до 7 години во дневна. Опремен е со квалитетен мебел. Има пространа тераса со маси и столови со поглед кон дворот.

Дуплекс апартман број 4 (1/6) – приземје, многу простран високо квалитетен дуплекс апартман од 51м², кој воедно е и најголем дуплекс апартман во вилата. Има две одвоени спални соби со стандарден брачен кревет во едната и 2 споени стандардни кревети во другата спална соба. Располага со простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба со 2 единечни стандардни кревети кај што е и целосно опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.) Дневната соба е веднаш на влезот во апартманот. Опремен е со квалитетен мебел. Има 2 тераси со маси и столови, од кои едната е на влезот со поглед кон дворот, а на другата се излегува во дворот зад куќата од спална соба.

