Соби
Апартман број 1 (1/3+1) – прв кат, со директен поглед море од голема тераса со маса и столови. Апартманот е простран, има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и стандарден кревет во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со малку постар, но квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 2 (1/6) – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна) и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со малку постар, но квалитетен мебел, сопствен тоалет, кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови.

Апартман број 3 (1/3+2) – прв кат, со лимитиран поглед море од голема тераса со маса и столови. Апартманот е простран, има брачен кревет + софа за 1 лице во спална и единечен кревет со кревет на извлекување во кујна која е со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Опремен е со малку постар, но квалитетен мебел и сопствен тоалет.
