Вила ALEX LUX
Вилата Алекс Лукс е ново изградена вила во 2022 год, се наоѓа во Полихроно, на 30м одалеченост од плажа и во својот капацитет нуди едноспални апартмани за 4 лица или за 6 лица.
Апартманите се целосно опремени со кујнски прибор за готвење, маса и столчиња на тераса за седење и ТВ. Апартманите за 6 лица се лоцирани сите на приземје, а апартманите за 4 лица се на прв или втор спрат.Клима и wi-fi се вклучени во цената. Вилата располага со паркинг за определен број на коли и расположливост.